Lenovo ја купи Motorola од Google за 2,9 милијарди долари

Lenovo за 2,91 милијарди долари ја купува Motorola од Google, потврди директорот Лери Пејџ. Motorola е во сопственост на Google, кој во 2012 година потроши 12,5 милијарди долари за оделот за мобилни телефони и огромното патент портфолио. Според договорот за продажбата на Motorola, најголем дел од овие патенти ќе останат во сопственост на Google, кој ќе ги искористи патентите да го заштити Android и производителите од можни тужби. Кинескиот Lenovo пак ќе го добие седиштето на компанијата во САД, за да може посериозно да им конкурира на Apple и Samsung и во тој континент. Покрај ова Motorola има и два популарни и квалитетни телефони Moto X и Moto G на кои им оди одлично во продажбата, а тука е и најавата за паметен телефон кој ќе чини единствено 50 долари.

„Пазарот на паметни телефони е супер компетитивен и бара целосна посветеност кога се во прашање мобилните уреди. Затоа веруваме дека на Motorola ќе им биде подобро со Lenovo – кој е брзо-растечка компанија за паметни телефони, но и најголема PC-компанија во светот. Ова ќе му овзоможи на Google да ја посвети својата енергија на иновација на Android што ќе биде доприонс за сите производители на паметни телефони“, објасни Лери Пејџ.

Се чини Google пронајде начин како да го задржи Samsung задоволен, но со продажбата креираше уште еден силен конкурент кој ќе ја засили Android линијата. Покрај ова најголем број од аналитичарите шпекулираат дека аквизицијата на Motorola пред се им послужи за добивање на огромен број на патенти кои се неопходни за Android, јавува Reuters. Се разбира тука се и останатите проекти кои ги најавува компанијата, покрај очилата за проширена реалност Google Glass, автономните возила, неодамнешната аквизиција на Nest, тука е и релативно новиот тим за роботика на Google во кои компанијата интензивно инвестира последниве неколку месеци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии