Lenovo и Razer ќе прават гејмерски машини

Image courtesy of Razer/Facebook

Најголемиот производител на лаптопи Lenovo започнува соработка со една од попопуларните компании за гејмерски уреди Razer. За почеток компаниите ќе се фокусираат на десктоп компјутери за гејмери, но ќе работат и на сосем нови производи. Најавата дојде на големиот LAN настани Dreamhack Winter кој се одржува во Шведска.

Lenovo е најпродаваниот бренд на компјутери, но кога гејмингот е во прашање не се прв избор. Затоа е логична и новата соработка со Razer кој има високо реноме меѓу во гејминг индустријата. Продажбата на компјутери е значително намалена во последните неколку години, но гејмерите сè уште ревносно ги надградуваат своите компјутери и се едни од ретките потрошувачи кои не престанаа да купуваат хардверски компоненти по бумот на таблет компјутерите и конзолите.

Иако идејата за соработка со Razer е добра за промовирање на Lenovo, најголем дел од гејмерите сакаат самите да си ги одберат компонентите – најдобрата графичка картичка, меморија, плоча, процесор и хард-диск. Составувањето на компјутерот е дел до забавата како и игрите.

Официјално првиот компјутер ќе биде претставен веќе на почетокот на следната година на CES 2016 кој се одржува во почетокот на јануари во Лас Вегас.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии