Lenovo го претстави модерниот ThinkPad Т431 ултрабук

Со Т431 Lenovo продолжува во модернизирањето на традиционалниот, над 20 години стар, дизајн на ThinkPad лаптопите. Црниот и коцкаст дизајн ќе биде задржан, но тоа што е ново и модерно е што, како и другите ThinkPad модели на Lenovo, ThinkPad T431 ќе биде ултра тенок, само 2 cm, лаптоп со карбон-фајбер поклопец и магнезиумска подлога со традиционалната црна тастатура.

На прв поглед T431 е доста сличен со X1 Carbon, па и со другите ThinkPad модели, што е и поентата нели да се задржи основниот дизајн. Но Lеnovo со T431 одите чекор понапред во дизајнот со остранување на физичките копчиња на тачпадот, место кои е додадена опција за персонализирање на 20-те движења со прсти на тачпадпт кој Lenovo и Synaptics го развиваа скоро 2 години.

Lenovo ќе го продава 14-инчниот T431 за околу 1.000 долари. За тие пари добивате ултрабук со 1.600×900 мат дисплеј, 2,7 GHz Intel Core i5-3337u процесор кој може да се надгради во i7, интегрирана Indel HD графичка, 720p предна камера, 4GB RAM, BlueTooth 4.0, поддршка за Wi-Fi, USB 3.0, и простор од 320 GB за Windows 8. Нема оптички диск. Лаптопот ќе тежи околу 1,5 килограми.

1 коментар на “Lenovo го претстави модерниот ThinkPad Т431 ултрабук

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии