Lenovo го претстави Lenovo Windows Holographics

Неколку дена пред CES, Lenovo се одлучи да ги претстави своите очила за проширена реалност. Очилата не се изненадување, a ги најави Microsoft на крајот на октомври. Засега е нејасно дали HoloLens и очилата на трети  партнери на Microsoft се исти, но ако судиме по цената, ова е тешко веројатно.

Она што е познатo од кусата презентација е дека Lenovo Windows Holographics ќе биде полесен од конкурентите. Уредот тежи 350 грама, a HTC Vive тежи 555 грама, пишува 3dvrcentral.

Резолуцијата на очилата е 1440х1440 и доаѓа со OLED дисплеј. Сепак пред да почнеме да се радуваме на овој уред, Lenovo VR сетот ќе мора да покаже како ќе функционира без надворешна камера. Дополнително не е баш добра вест што нема контролери, но сепак ќе биде компатибилен со повеќе уреди од трети производители.

Добра вест е што уредот ќе чини само дел од цената на Oculus Rift и HTC Vive. Според најавата проширената реалност на Lenovo ќе чини помеѓу 300 и 400 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии