Lenovo, Asus, Dell и Acer ги претставија новите лапотопи на IFA во Берлин

Дејан Соколоски

во feature, Хардвер

Саемот кој се одржува во Берлин, IFA, е едeн од најголемите технички настани кои се одржува во Европа. Периодот во кој се одржува се поклопува со периодот во кој компаниите ги претставуваат уредите кои ќе бидат достапни за продажба за новогодишните празници. Најголемите производители ги презенитара своите уреди и еве дел од нив.

Acer: Switch 7

Acer ги претстави Switch 7 хибридните уреди. Комбинацијата на таблет и лапотоп ќе биде конкурент на повеќе уреди помеѓу кои е и Microsoft Surface.

Switch 7 доаѓа со 13.5-инчен дисплеј со 2,256 x 1,504 резолуција. Процесорот е осма генерација Intel Core, а најмоќната верзија на хибридот доаѓа со i7 процесор. Графичкaта картичка е NVIDIA® GeForce® MX150 и ова е еден од ретките вакви уреди со дискретна графичка картичка.

Switch 7 има екран чувствителен на допир и електронско пенкало. Се чини дека пред сѐ, е наменет за дизајнерите како можна алтернативa на графичките таблети.

Switch 7 не е евтин уреди и кога ќе биде достапен од декември ќе чини 2.000 евра.

Asus: ZenBook Flip 14, VivoBook Flip 14 и ZenBook Flip 15

Asus ги претстави новите ZenBook Flip 14, VivoBook Flip 14 и ZenBook Flip 15.

ZenBook Flip 14 е хибриден компјутер кој доаѓа со дискретна графичка картичка. Кога хардверот е во прашање и нема многу разлика помеѓу уредите на различни производители. ZenBook Flip 14 доаѓа со 1080р 14-инчен дисплеј и Intel Core i7. Хибридот доаѓа со MX 150 графичка картичка; 512 GB SSD и 16 GB RAM.

VivoBook Flip 14 е поевтина верзија на речиси истиот таблет. Малку поголeм, малку потежок, процесорот е од постара генерација, но многу, многу поевтин.

Ако ZenBook Flip 14 не ве импресионира, ZenBook Flip 15 доаѓа со подобри спецификации. Хибридот доаѓа со поголем, 15-инчен дисплеј, но и помоќна Nvidia GTX 1050 графичка картичка. Овој пат уредот е далеку помоќен. Процесорот е од 8-та генерација Intel Core; 16GB на 2400MHz DDR4 RAM;  2TB харддиск или 512GB SSD; USB C и Thunderbolt 3. Најимпресивно е што дисплејот на лапотопот е 4K.

Цените на уредите на Asus се движат од 399 евра за VivoBook Flip, 14, 950 евра за ZenBook Flip 14, па се до почетните 900 евра за ZenBook Flip 15.

Dell: Inspiron 15 7000

Компанијата ја претстави најновата надградба на Inspiron 15 7000. Лаптопот е помоќен и може да се користи и за гејминг. Уредот има повеќе верзии со различни спецификации. Процесорот може да се одбере помеѓу Intel Core i5-7300HQ и Intel Core i7-7700HQ. RAM меморијата се надградува до 32GB, DDR4-2400. Графичките картички не се од највисоката класа, но не се воопшто лоши. Изборот е помеѓу GTX 1050 2GB; GTX 1050 Ti 4GB и GTX 1060 6GB. Слободниот простор е комбинација на SSD 128 или 256 GB и 1 TB хард-диск.

Lenovo: Yoga 920

Yoga 920 е наследник на Yoga 910. Компанијата освен надградба на хардверот може да се пофали и со нова функционалност – Cortana. Производителот ветува дека Cortana на нивните уреди ќе може да се користи и од поголемо растојание, до 4 метри.

Што се однесува до хардверот, новиот Yoga 920 ќе ја замени 7-та генерација на Intel Core процесори со 8-ма. Лаптопот доаѓа со 13.9-инчен 4К дисплеј. Можноста за надградбата на RAM меморијата е до 16 GB, а изборот на дискот е помеѓу 256 GB, 512 GB и 1 TB SSD.

Лаптопот не е евтин, но во Европа излегува веќе во септември. Ќе биде достапен за 1,600 евра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии