Леќите iOptik ќе можат да ги заменат телевизорите, вели Innovega

Новите леќи iOptik, на компанијата Innovega ќе овозможат очите да фокусираат на растојанија на кои тоа досега не беше можно. Поточно ќе биде овозможено фокусирање на супер блиски, но и на големи растојанија истовремено. Оваа иновациjа ќе допринесе телевизорите и мониторите да бидат заменети со очила, но уште повозбудлива е можноста за користење на очилата како HUD (Head-up display). Innovega, леќите ги презентира на годинешниов CES, иако најавите за прооизводство на вакви очила за Pentagon се во најава од минатата година.

Леќите ќе доаѓаат заедно со очила, на кој се поставени два „проектори“ кои можат да генерираат слика на стаклата. Примената ваквиот систем ќе има во забавната индустрија, претворајќи го секој простор во IMAX кино, но и во гејминг индустријата каде екранот ќе биде заменет со целата околина. Според компанијата очилата се еквивалент на 240-инчен, HD, 3D телевизор.

Другата примена се разбира е  АR (проширената реалност), во која на очилата ќе ви бидат презентирани купишта информации за околината. Податоците, сликите и анимациите ќе се вклопат во околината, со што проектот наликува на Project Glass. iOptik ќе треба да почека и на одобрување од FDA пред да почне да се употребува.

[youtube]9bMd1kqKlN0[/youtube]

[youtube]DF7OvoHzL8I[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии