Legal Tech #3: Запознајте го движењето Skopje Legal Hackers

Ова е гостински текст на адвокатот Дејан Алексов, од Адвокатската канцеларија Алексов, кој е дел од IT.mk серијалот “Legal Tech – Еволуција на имплементирање право со помош на технологија”.


#LegalHackers е движење кое на едно место обединува адвокати, креатори на политики, програмери, инженери, академици итн, кои истражуваат и развиваат решенија за некои од најактуелните појави кои се наоѓаат на пресекот помеѓу правото и технологијата.

Низ локални средби, хакатони и работилници #LegalHackers наоѓаат можности преку кои технологијата ќе ја подобри имплементацијата на правото, како и начинот на кои правото ќе може да се адаптира на брзите промени во технологијата.

Legal Hackers за првпат се појавуваат во 2011 година во Њуjорк. Поводот е предлог законите – Online Piracy Act и Protect IP Act, со кои било предвидено дека имателите на авторско право како и владата, да можат со релативно мал процес, да бришат онлајн домени кои некој ќе ги посочи за пиратски.

Со појавата на движењето против овие акти, истите не се донесени.

  • Legal Hackers во моментов се присутни на 4 континенти во 31 држава во светот.
  • На Балканот постојат во Ријека и во Софија.

На почетокот на месец јуни, годинава се одржа првиот неформален meetup и на Skopje Legal Hackers.

На првата неформална средба присуствуваа адвокати и правници, програмери, SEO ескперти, маркетери, growth хакери и студенти.

Имаше одлична дискусија на која се зборуваше за различни потенцијали во иднина како и за корективи кои треба да се поправат низ институциите и општеството. Се зборуваше за теми од областа на заштитата на личните податоци и постоењето или непостоењето на потребата од промена на единствените матични броеви па до застарените софтвери низ некои од државните институции.

Бидејки имаше одличен feedback од присутните, Skopje Legal Hackers се фрли на спремање на вториот настан, кој ќе се организира во текот на месец Јули. Овој настан ќе биде поконкретен, односно brainstorming event, каде присутните ќе треба во 1-2 минути да презентираат еден проблем и едно решение за истиот. Темите ќе бидат од областа на legal tech, civic tech или law over tech. Од сите презентации ќе се изберат определени проблеми, на кои решенија ќе се работи во иднина.

https://www.facebook.com/skopjelegalhackers/

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии