Learn Macedonian е веб сајт кој ќе им помогне на сите заинтересирани да се здобијат со основно познавање за македонскиот јазик

Во случај да знаете некој кој е заинтересиран за македонскиот јазик и сака подетално да се запознае со вокабуларот, граматиката, но и изговорот, Learn Macedonian е солидна отскочна штица! Се работи за скромен веб сајт кој ве запознава со најважните аспекти на јазикот низ осум лекции:

Лекција 1: Македонска азбука, изговор на согласки и самогласки, како и корисни изрази и поздрави

Лекција 2: Бои, денови во неделата, месеци и годишни времиња, и разговор за време

Лекција 3: Броеви, датуми, време и најчесто користени фрази

Лекција 4: Заменки

Лекција 5: Именки и придавки

Лекција 6: Глаголи (СУМ и ИМАМ)

Лекција 7: Времиња (сегашно, идно и минато)

Лекција 8: Корисни изрази и фрази за семејство, град, јадење, пијалаци

За секоја лекција објаснувањата се јасни, концизни и со конкретни примери и табели, но мора да се спомене дека овие осум лекции не прават чуда и се корисни само доколку сакате површно да се запознаете со одредени аспекти од македонскиот јазик. Гледајте на содржините од целиот сајт како на нешто повеќе од почетна информативна алатка и ризикувате море од фрустрации. Имено, како што е случајот со сите јазици, за било какво подлабоко и ефикасно прифаќање потребно е значително подлабока теоретска и, пред сè, практична посвета.

Во меѓувреме, прочитајте квалитетна книга на македонски со Македоника!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии