Leap Motion е 3Д контролер кој со цената и можностите ќе им конкурира на Kinect и Wii

Стартапот Leap Motion преку своето демо кое го покажа на CNET  најави дека доаѓа крај на контролерит како Kinect, Wii, или PS Move. Leap Motion 3Д е контролер кој, слично како и споменатите, го користите со движења на рацете, телото или најразлични предмети кои ги држите во рацете. Слично како кај Kinect рацете ви се слободни, но што е навистина воодушевувачки е прецизноста со која уредот го следи вашето движење. Уредот е со точност од 0,01mm што е 100 пати попрецизно од Kinect на Microsoft.

Leap 3Д е со големина на вообичаен USB стик, но неговите можности изгледаат фантастични, во презентацијата беа вклучени од манипулација со оперативен систем, пребарување, контролор за видео игри, 3Д моделирање, навигација по мапи и слично. Импресиво изгледа и латенцијата со која оперира уредот, па барем на демото изгледа дека потезите кои се прикажани не доцнат зад прикажаната содржина.

Покрај ова изгледа дека уредот ќе биде популарен и за дизајнирање, архитектура, инженерство и визуелизација на податоци. Работната површина која е опфатена со Leap 3Д е со големина на коцка со основа 50 сантиметри, а камерите и сензорите кои се користат се вообичаени за ваков тип на уреди, според Leap Motion, тоа што го разликува контролерот од конкурентските е токму софтверот кој го прави Leap 3Д навистина моќна алатка.

[youtube]zMvbJkzhJrs[/youtube]

За некој од отстрана го набљудува уредот, морам да признаам дека неодоливо потсeтува на Minority Report, а на моменти дури и поимпресивно. И покрај тоа што станува збор за стартап, во уредот се инвестирани 12,75 милиони долари од Енди Милер, кој сега е партнер во Highland Capital Partners, но своевремено беше вработен во Apple како директор за мобилен маркетинг кој соработувал со Стив Џобс.

Покрај квалитетот уредот ќе биде конкурентен и со цената која е проектирана на 70 долари, што е повеќе од двапати поефтионо од Kinect за Windows кој моментално чини 150 долари. Друга голема предност е достапноста на SDK за програмерите уште од сега, пред пушатање во продажба и Leap Motion најавија дека ќе ги промовираат креираните апликации во нивната „продавница“.

Leap 3Д e веќе достапен во предпродажба, но за жал само за жителите на Америка, а се очекува на пазарот следната година за корисниците на PC и Mac.

[youtube]N6hCwjwzUHg[/youtube]

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии