Овој велосипед има 4GB RAM и четири јадрен процесор

Кинескиот производител на телефони LeEco претстави невообичаен уред. Се работи за телефон вграден во велосипед, или за велосипед со телефон, сеедно. Во рамката на Le Syvrac е сместен телефон со 4-инчен дисплеј и четири јадрен процесор. Освен ова, велосипедот доаѓа со 4GB RAM меморија, ласерски покажувачи и сензор за следење на работа на срцето, јави Verge. Оперативниот систем на телефонот е Android и овозможува сé што очекувате од телефонот, но и некои функции кои се специјализирани за телефонот, како управување со светлата или прикажување на податоци за возењето. Ласерските покажувачи им покажуваат на возилата колку блиску можат да се приближат до велпсипедот без да предизвикаат сообраќајна незгода. Дополнително оваа интеграција овозможува со секое станување од велосипедот, целиот автоматски да се заклучува. Целата електроника се напојува од телефонот, односно се полни со вртењето на педалите. Цената на Le Syvrac е од 800 до 6.000 долари, а велосипедот е веќе достапен во Кина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии