Лажните Facebook профили наскоро ќе бидат забранети… во Британија

Лажните профили на социјалните мрежи да станат нелегални во Велика Британија, бара британското кралско обвинителство. Засега станува збор за предлог правилник, кој ќе биде разгледуван во следните недели.

Намалувањето на бројот на лажни профили е определба и на најголемата социјална мрежа Facebook којa сака да има релевантни податоци, како за бројот на корисници, така и за бројот на луѓе кои ги следат брендовите, а сѐ ова со цел релевантно презентирање на рекламите кај релевантни корисници.

Надвор од ова лажните профили се сериозен проблем и кога онлајн вознемирувањето е во прашање, но и профили кои се користат за објавување на „revenge porn“, како и онлајн насилство против жените. Дел од експертите се загрижени дека користењето на вистинските имиња на социјалните мрежи може да предизвика поголеми проблеми со онлајн насилството, јави Next Web.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии