Лажни анти-вируси се во пораст, предупредува Google

Измамниците ги прелажуваат луѓето така што поставуваат лажни страни кои му велат на корисникот дека има вируси и му сугерираат да си симне анти-вирус.

„Најновите лажни сајтови еволуираа и користат комплексни JavaScript-и да наликуваат како на легален Windows интерфејс. Во некои случаеви лажниот анти-вирус ја детектира верзијата на оперативниот систем на таргетираната машина и го прилагодува својот интерфејс. “ вели Google во своето истражување во кое се вели дека лажните анти-вируси се 15% од севкупната бројка на детектиран штетен софтвер.

Лажните страни му нудат на корисникот да го купи нивниот софтвер, но понекогаш таргетираниот компјутер се полни со вируси и без да се изврши плаќањето, вели Google. Интересно е што половина од лажните анти-вируси се доставени преку реклами.

Штом ќе се инсталираат или се зарази компјутерите, тешко е да бидат отстранети бидејќи малициозниот софтвер ги блокира надградбите на Windows-от како и инсталирање на друг анти-вирус. За чистење потребно е повторно инсталацирање на оперативниот систем.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии