Лажна WhatsApp апликација преземена над милион пати

Корисници на Reddit пронајдоа лажна и малициозна WhatsApp апликација на Google Play. По пријавите Google реагираше и развивачот го промени името и изгледот на апликацијата.

Апликацијата е копија на оригиналот, а дури и името на развивачот е ископирано. Корисниците нема да забележат никаква разлика пред преземањето. Единствената разлика е празно место на крајот на „WhatsApp Inc.“, но корисниците нема да го забележат ова.

Самата апликација не прави штета и нема преголеми пермисии, но презема дополнителен „.apk“-фајл. По ова апликацијата започнува на корисникот да му презентира реклами и така заработува. Ова е среќна околност. Развивачот може да користи копии на апликација и во многу позлонамерни цели.

Оваа апликација и не е најуспешната копија, лажната Facebook Messenger апликација е преземена 10 милиони пати.

По пријавата на корисниците развивачот го промени името во Dual Whatsweb Update, и ја промени иконата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии