„Launch in Macedonia“ – Како и зашто да стартувате бизнис во Македонија

Startup Macedonia го објави почетокот на кампањата Launch in Macedonia. Проектот е производ на нивната верба во потенцијалот достапен во Македонија.

Кампањата започнува симболично, со издавање на брошура која ќе им помогне на претприемачите да се запознаат со можностите во Македонија.

Брошуратa e пред се е наменета за интернационалните претприемачи. Ќе им помогне да се запознаат со поволностите кои ќе ги имаат ако се решат да инвестираат во Македонија.

„Целта на брошурата е да информираме, но и да привлечеме интернационални претприемачи и дигитални номади. Така ќе се споделат знаења и ќе се остварат потенцијални соработки со што ќе се зајакне и локалната стартап заедница. Ќе се отворат нови партнерства и можности за водење бизнис од Македонија кој ќе конкурира на глобален пазар” – вели Дејан Алексов, од Стартап Македонија и авторот на Launch in Macedonia.

Launch in Macedonia е едно од првите изданија каде може да се пронајдат сите податоци важни за отворање на компанија во Македонија. Дополнително во брошурата може да се пронајдат и одговори на други важни прашања:

  • Како да добиете дозвола за работа?
  • Како да добиете дозвола за престој?
  • Кои локации се достапни за co-work?

Ова се само еден дел од прашањата кои Startup Macedonia се обидува да ги одговори во брошурата. Дополнително, a можеби и поважно, брошурата има одговор на прашањето каде да ја пронајдете стартап заедницата во Македонија.

„Интернационалните претприемачи од било која индустрија ќе најдат плејада на талентирани македонски професионалци кои се економски компетитивни и исто толку талентирани и способни како и останатите професионалци низ Европа и светот. Аутсорсинг заедницата е огромна во Македонија и веруваме дека има потенцијал да се соработува на нови иновативни бизниси” – вели Виктор Дано од Стартап Македонија, уредникот на Launch in Macedonia.