The Last of Us: Part 2 најавена на PlayStation Experience

Овогодишниот PlayStation Experience настан заврши на висока нота и тоа со најавата на The Last of Us: Part 2!

„Не можеме да ви кажеме колку задоволува изјавата дека Ели и Џол се враќаат за уште една возбудлива, ужасна и емоционална авантура“, објасни челното лице за Naughty Dog, Нил Дракман и додаде дека: „Како и многу од вас, ние имаме длабока љубов за светот и ликовите од The Last of Us… По неколку години жонглирање идеи и блиску до целосно откажување, конечно откривме приказна која изгледаше посебна – приказна која прерасна во епско патување.“

slika-1

Приказната од Part 2 се надоврзува на таа од првата игра, но, како што сигурно забележавте, двата омилени ликови се значително повозрасни, а, овојпат се чини дека Џол (Трој Бејкер) е тој кој ќе ја следи Ели (Ешли Џонсон), а не обратно. Сместена пет години по настаните од првата игра, Ели има 19 години и е ликот со кој играчот ја почнува играта. Трејлерот првенствено бил планиран да се прикаже на Е3 2017 година, но желбата на тимот да ја најави играта што побргу надвладеала.

Играта е во рана фаза на изработка и сеуште не се знае кога би можела да излезе. Со оглед на тоа што издавачите се Sony и дека нивната примарна цел е продавање на нивната конзола и се што е поврзано со неа, не очекувајте PC верзија за The Last of Us: Part 2.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии