Last of Us ги собра скоро сите BAFTA награди за видеоигри

Британската академија ги додели наградите за најдобри видео игри BAFTA, а најголем победник е The Last of Us на Naughty Dog. Играта ги освои наградите за најдобра акција и авантура, најдобра приказна, аудио достигнување, најдобра Игра, а Ешли Џонсон ја доби наградата за најдобар протагонист за улогата на Ели.

[youtube]OQWD5W3fpPM[/youtube]

Авторите на Grand Theft Auto, Rockstar Games ја добија Bafta Fellowship Award, а покрај ова петтиот дел на GTA ги освои наградите за најдобра британска игра, најдобар дизајн и најдобар мултиплеер, што сепак е мало изненадување бидејќи се очекуваше GTA да добие повеќе негради. Наградата за најдобра музика ја освои Bioshock Infinite, а заразната инди игра Papers, Please ја доби наградата најдобра симулација и стратегија; уште една инди игра Brothers: Tales of Two Sons е добитник на наградата за најдобра иновација. Во категоријата за најдобра мобилна и рачна конзола наградата ја освои Tearaway.

Еве ја листата на наградените игри:

  • Најдобра акциона авантура – The Last of Us;
  • Најдобро уменичко достигнување – Tearaway;
  • Најдобро аудио достигнување – The Last of Us;
  • Најдобра игра – The Last of Us;
  • Најдобра британска игра – Grand Theft Auto V;
  • Најдобар дебитант – Gone Home;
  • Најдобра фамилијарна игра – Tearaway;

[youtube]hvoD7ehZPcM[/youtube]

  • Најдобар дизајн – Grand Theft Auto V;
  • Најиновативна игра – Brothers: A Tale of Two Sons;
  • Најдобра игра за паметен телефон, таблет или рачна конзола – Tearaway;
  • Најдобар мултиплеер – Grand Theft Auto V;
  • Најдобра музика – BioShock Infinite;
  • Најдобра улога – Ешли Џонсон (Ellie) – The Last of Us;
  • Најдобра спортска игра – FIFA 14;
  • Најдобра приказна – The Last of Us;
  • Најдобра стратегија и симулација – Papers, Please.

[youtube]_QP5X6fcukM[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии