Last Hope сака да биде првата македонска постапокалиптична игра

Last Hope е нова македонска видеоигра чие трејлер видео неодамна се појави на друштвените мрежи. Играта е креирана од Maxsoft Games Studios, чии основачи се Давор Зафировски, Даниел Зафировски и Александар Илиевски. Last Hope е комбинација на Tower Defence, Sandbox и Zombie Shooter, сместана во апокалиптично сценарио во кое играчот е последната надеж за човештвото. Се разбира станува збор за свет во кој зомбија излегуваат зад секој агол, а постојат и уште поголеми скриени опасности. Затоа протагонистот мора да изгради најразлични препреки кои му помагаат да ги запре куповите зомбија на кои како да им нема крај.

„На играта моментално уште се работи и е направена повеќе од половина, а на трејлерот не се покажани многу работи кои сега се веќе готови, ама ги скривме од јавноста“, велат од Maxsoft Games.

[youtube]D4IZgUISAjs[/youtube]

Налик на популарните Day Z или Stalker, и во Last Hope најголем проблем на преживеаните покрај борбата со зомбијата, ќе биде и постојаната борба да се пронајде храна и вода. Токму ова ќе биде еден од проблемите со кои ќе се соочат и играчите на Last Hope постојаната потрага по храна и вода, кои дополнително ја заплеткуваат ситуацијата. Според Давор, ДАниел и Александар, играта има 100 нивоа, а секое десетто ниво е резервирано за специјалниот лидер на зомбињата кои ве напаѓале на нивото. Токму на ова ниво паѓаат специјални оружја. Во разговор со MaxSoft ни открија и некои „тајни“ за играта: ќе биде овозможена креација на карактери, оружјата ќе можат да се надградат со laserscope, светилки, придушувачи, проширување на магазинот за муниција и дополнителни специјални ефекти на оружјето, а ќе биде зголемен и бројот на мапи. Најзабавно звучат специјалните напади напади со: мини нуклеарно оружје, огромна светилка, auto-turret, штит против зомбија и слично.

MaxSoft Games постои од 2010 година, а на Last Hope секојдневно работат последнава година. Претходно работеа на видеоиграта War For The Liberty која за жал не го дочека своето финализирање. Засега нема датум кога ќе биде објавена играта, но повеќе може да дознаете од Facebook страната на Maxsoft Games Studios, а за последните видео содржини можете да го посетите YouTube каналот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии