Лаптоп компјутери со 18.4 инчен екран

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Sony го најави почетокот на произведствената серија AW која е планирана да ги содржи првите лаптоп модели на оваа компанија со 18.4 инчен дисплеј, додека Acer уште пред 6 месеци го започна процесот и неодамна излезе на пазарот со своите 18.4 инчни лаптоп компјутери. Со овој чекор овие две компании директно ќе се обидат да му конкурираат на Qosmio G50 лаптоп моделот на Toshiba, кој веќе е достапен во САД и е еден од првите компјутери со толкав дисплеј.

Досегашните 17 инчни дисплеи очигледно не беа доволни за корисниците кои бараат соодветна мобилна замена за своите десктоп компјутери. Новите екрани ќе бидат со сразмер 16:9 и зависно од конфигурацијата, би имале резолуција од 1920 х 1080 пиксели. Таргет групата за овие нови модели се планира да бидат луѓето кои уживаат во домашно кино, едитирање на видеа и дигитални фотографии.

Серијата AW на Sony, ќе има цена од 1,500 до 3,500 US долари, зависно од инсталираната конфигурација. Сите екрани ќе ја содржат XBRITE-FullHD технологијата на Sony и ќе се продаваат со вграден Blue-ray драјв и режач. Шпекулациите за основната конфигурација се дека ќе биде со 250 гигабајтен хард диск, 2.26 GHz Intel Core 2 Duo P8400 процесор и минимум 2 гигабајти RAM со можност за надоградување до 8. Повеќе детали за овие модели се достапни на следниот линк. Компјутерите ќе се продаваат со Nvidia GeForce графички картички.

{mosimage}

Моделите на Acer исто така содржат Blu-ray уреди, 6 вградени звучници, 2.60 GHz Intel Core 2 Duo T9500, 4 ГБ RAM И хард диск од 320 гигабајти, и исто така графички на Nvidia. Цената на овие модели ќе биде над 2,000 долари.

18.4 инчниот лаптоп на Toshiba пак користи посебен ко-процесор, Quad Core HD Processor кој е особено погоден за енкодирање на видеа, процесирање на слики и нивно препознавање. Лаптопот беше планиран да се продава заради HD-DVD, но по неуспехот на овој формат, моделот содржи DVD SuperMulti драјв. Процесорот во основната верзија е 2.0 GHz Intel Core 2 Duo P7350, и основната меморија е 4 GB, со графичка картичка на Nvidia.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии