Лани се испорачаа 78 милиони преносни уреди; Fitbit е лидер на пазарот

Apple успеа да испорача 11,6 милиони часовници минатата година, но не успеа да ги надмине Fitbit и Xiaomi кои се поуспешни кога се паметните преносни уреди во прашање. Лани вкупно се испорачани 78 милиони преносни уреди, се вели во извештај на аналитичарите IDC.

Она што е можеби и поинтересно е дека три од првите пет уреди на листата на IDC се фитнес додатоци, а не паметни часовници. Во бројки првите пет имаат: Fitbit 21 милион продадени уреди, Xiaomi 12 милиони, Apple 11,6, Garmin 3,3 и Samsung 3,1. Сите останати имаат продадено 27 милиони уреди, или вкупно 78,1 милиони часовници и алки. Пазарот порасна за 171 отсто минатата година, а најголема промена во продажбата има паметната алка на Xiaomi со 951,8 отсто повеќе продадени уреди.

Присуството на фитнес алки на пазарот најверојатно е и одличен показател за потребите на корисниците, но тие покажуваат дека е тешко да се продаде идејата за паметен часовник. „Модата и дизајнот имаат подеднакво значење за зголемување на прифатеноста,“ вели Џитеп Убрани од IDC Mobile Trackers за Business Wire.

IDC-wearable-market-stats-2016.0

1 коментар на “Лани се испорачаа 78 милиони преносни уреди; Fitbit е лидер на пазарот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии