Laika е нова македонска платформа која ќе се обиде да го порази Linkedin на Балканот

IT.mk редакција

во feature, ИТ.МК

Флуктуацијата на вработени во Tech индустријата е огромна. Компаниите не наоѓаат луѓе за отворените работни позиции со месеци. Tech професионалците бараат работа која навистина ќе ја сакаат. Не им се важни само парите, туку предизвикувачките проекти, можноста за раст, добрата работна етика и  тимот.

Тим од 12 програмери, сериски претприемачи, geeky маркетери, дизајнери и ентузијасти за ИМПАКТ од Скопје и Балканот под името Laika, лансираат платформа во Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска наскоро, со цел да ги променат старите начини за вработување. На Laika, професионалците кои бараат работа се анонимни, и добиваат понуди за работа од ИТ компаниите од Балканот. Laika смета дека е време е компаниите да престанат да испраќаат нерелевантни понуди на LinkedIn.

Како функционира?

Може да ја користите платформата комплетно бесплатно. Платформата ви гарантира 100% анонимност сѐ додека не сакате да видите кој сака да ви понуди работна позиција и под кои услови. Ги внесувате вештините кои ги поседувате, поставувате плата, работна позиција, тип на вработување, технологии со кои работите, локација (некаде на Балканот или од дома). Потоа компаниите може да ве контактираат и обратно.

„Програмерите, дизајнерите, маркетерите и другите tech таленти се нашата гордост. Ветувањето на Laika е дека секогаш ќе бидат на нивна страна во барањето на подобри услови. Работата треба да биде убав дел од секојдневието, од првото вработување до кариерниот развој – бидејќи животот е многу краток за да си ја мразиме кариерата.“

На Laika, компаниите ќе имаат шанса да се поврзат со таленти од сите 4 држави. Комапаниите ќе можат да го претстават тимот, културата, канцелариите, технологиите и проектите. Ќе имаат шанса да ја претстават комапнијата и да покажат дека се најпосакувано место за работење дури и за пасивните баратели на работа. Ќе добијат увид во интересот за компанијата, со препорака како да се подобрат и како да ја оптимизираат секоја точка од процесот на вработување. Ќе дознаат кој канал функционира, а кој не – за да имаат поголем фокус на задржување на постојните вработени.

Во моментов има 30 компании кои го тестираат овој продукт, а само 100 компании ќе бидат одбрани да се приклучат во раната фаза. Ако сакаш твојата компанија да добие можност за ран пристап, приклучи се тука.

Извршниот директор на LaikaАлександра Јанакиевска, состави тим инспириран да го трансформира Балканот. По 2 успешни години во Brainster каде беше CMO, маркетинг инструктор и кариерен ментор на студентите, реши да се фокусира на пазарот на труд.

„Има толку многу критични проблеми кои треба да бидат решени и можеби ова не е најважниот. Но кога проблемот ќе те најде тебе, мораш да ја земеш работата во свои раце. А знаеме дека ниту еден проблем не е претежок ако си упорен.“ -додава Александра.

Ветувањeто на Laika:

  1. Laika ќе биде ЗАСЕКОГАШ БЕСПЛАТНА за Tech професионалците.
  2. Никогаш нема да споделуваме лични податоци со никого.
  3. Ќе се грижиме за доброто на нашите корисници.
  4. Ќе реинвестираме 5% од профитот за проекти за заедницата.
  5. Ќе се бориме да ги обезбедиме најдобрите можности.
  6. Ќе спонзорираме независни програмери во решавањето на општествени проблеми.

Ова е нашиот манифест.”

Laika ќе биде лансирана наскоро, регистрирај се за можност да бидеш еден од првите 1000 таленти кои ќе имаат можност да ја истражат.

1 коментар на “Laika е нова македонска платформа која ќе се обиде да го порази Linkedin на Балканот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии