Квалификации за World Cyber Games во Скопје

Иако на WCG се застапени голем број игри, кај нас како и секогаш квалификациите се само за Counter-Strike 1.6.

„Паралелно со развојот на ИТ во Македонија, ќе се развива и гејмингот. Кога ИТ компаниите ќе почнат да го поддржуваат гејмингот, како што Adidas, Nike и Puma го поддржуваат фудбалот и кошарката. Интересот кај младите ќе се зголеми кога ќе има и финансиска подршка.“ вели Бобан Тотовски од МЕСФ.

Од пријавените 60 екипи, 8 од нив се рангирани како најискусни екипи во поглед на досегашни турнири одржани во Македонија и тие директно одат во финалните групи и ќе се натпреваруваат во недела на 22ри Август. За останатите 52 екипи ќе има 3 квалификациски кола во систем на елиминација и тие ќе играт во сабота. Победниците од квалификациите влегуваат во групите и ги продолжуваат натпреварите следниот ден. Квалификациските кола и групите се објавени на официјалниот сајт на MESF.mk.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии