Кутре стана киборг! Доби нови нозе со помош на 3Д принтер

Развојот на 3Д-печатењето значително им го олесни животот на дел од луѓето кои имаа проблеми со инвалидитети. Сега запознајте го Дерби, кутре кое поради неразвиените шепи до сега не можеше да се движи на тврда површина. Благодарените на 3Д-испечатените протези, Дерби сега нема никакви проблеми при движењето, па во текот на прошетките, дури и трча пред сопствениците. Со новите протези Дерби трча од 3 до 5 километри секој ден.

Протезите се дело на Тара Андерсон вработена во 3D Systems и поранешен сопственик на Дерби. Благодарение на своето искуство со 3Д-печатење, материјали и софтвер, Тара ги изработи протезите за Дерби за неколку часови.

„Го пронајдов Дерби пред нешто подолго од три месеци. Ја гледав неговата слика и ја слушав приказната и плачев секој пат. Кочено, си реков ОК ќе го направам ова, ќе се обидам да му помогнам на кутрево“, вели Тара Андерсон за Huffington Post.

[youtube]uRmoowIN8aY[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии