Купуваме, уште еден .мк сервис за попусти и групно купување

Наскоро ќе стартува уште еден .мк сервис за групно купување. Тоа може да се заклучи од профилот на Купуваме.мк, кој е ептен тазе проект. Нивниот Facebook профил кој што е отворен само пред 13-ти февруари, односно пред само десет дена. На профилот има кратко видео и објаснување за што е сервисот, и инфо дека се очекува да стартува наскоро.

Купуваме.мк е сличен сервис како Grouper, Kolektivа и Грабни попуст. Отварате своја сметка на сервисот кој нуди дневни попусти, и доколку сте заинтересирани за некој продукт чекате да се соберат доволно број корисници за попустот да стане успешен. Ако се пријават доволно број луѓе, тогаш супер, имате голем попуст. Ако нема доволно заинтересирани, тогаш попустот е неуспешен и ви се враќаат парите.

Групното купување во Македонија се покажува дека има огромен потенцијал. Веднаш по стартувањето Grouper и Колектива забележаа огромни побарувачки за купоните. Истиот успех продолжува со над стотици луѓе кои ги искористуваат попустите. Неуспешните понуди се ретки.

[youtube]s2qpVCdC7Ww[/youtube]

4 коментари на “Купуваме, уште еден .мк сервис за попусти и групно купување

  1. Првин благодарност до IT.com.mk и Виктор што објавија вест за нашата апликација, која сеуште е во изработка. Ветуваме кога ќе започне целиот концепт, да испратиме дополнителни информации за нашиот сервис и нашиот концепт, кој се надеваме ќе понуди нешто поразлично во светот на групното купување и колективните попусти.
    @Ace, @whoeverest ви благодармие на забаелешката, но работиме со 200 на час и при експортирањето едно Њ ни летнало некаде, за што ќе се потрудиме во иднина да обрнеме повеќе внимание на детали. @whoeverest ти благодариме и на останатите коментари, но нашиот концепт не е да бидеме rip-off на Groupon во Македонија (сеуште немаме сајт :) ), туку да понудиме нов концепт, чии детали ќе ги промовираме кога ќе биде готова апликацијата.
    Она што може да навестиме е наше фокусирање, покрај Скопје, и на останатите градови во Македонија, и иновативен начин на промоција на услуги и на производи. Следете не на http://fb.me/kupuvame и ќе видете за што станува збор.

    1. Океј, кликнав Like, ќе следам. Инаку не сакам да бидам grammar nazi, ама приметувам дека на доста места ви се појавуваат печатни грешки што делува компанијата да изгледа несериозно.

      Пример: "@whoeverest ви _благодармие_ на _забаелешката_"; "Сеуште не се започнати зделките, но планираме нешто и во _Кавадари_, како за тие од Кавадарци, така и за тие што _саката_ да го посетат градот на виното :)"; "Radmila Doneska е нашиот 1000-ти фан. За неа _резервиавме_ еден купон од нашата прва вистинска зделка."

      Сфатете го ова како добронамерна критика, мене ми оди во прилог да има што повеќе сајтови и попусти, ама очекувам сериозност од некој на кој би му давал пари. :)

      Поздрав,
      Андреј Т.

  2. Кај што сајтот им е четвртиот rip-off на Groupon во Македонија, уште и цело клипче им е copy – paste од тоа на Grouper [1]. Башка и печатна грешка имаат на 1:16, што кажува колку се залагале за да го направат. Инвентивно.

    [1] Клипчето на Grouper: http://www.youtube.com/watch?v=rOdFPiFd96Y&fe

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии