Куп телефони на MWC, најголемата разлика е во екранот

Бројот на најлуксузните и најмоќни модели на MWC не е голем, но ова не значи дека листата на претставени уреди e кратка. Од носталгичната Nokia 3310 до импресивниот екран на Sony Xperia XZ Premium и Blackberry Keyone, ниту овој MWC не потфрли.

LG G6

Новиот флегшип телефон на LG доаѓа со QHD+ 5.7-инчен екран, со резолуција 2.880 х 1.440 и 556 ppi. Телефонот доаѓа со Snapdragon 821 процесор и Adreno 530 графички процесор. Слободниот простор на LG G6 е 32GB, а уредот има и 4 GB RAM. Предната камера на телефонот е 5 MP, задната 13 MP. Камерата може да снима 4K видео со 30fps. Телефонот ќе доаѓа со Android 7.0.

Sony Xperia XZ Premium

Кога хaрдверот е во прашање Xperia XZ Premium без сомневање е најдобриот телефон презентиран на MWC досега. Речиси сè на телефонот делува предимензионирано. Телефонот доаѓа со 5.5-инлен 4K HDR екран со резолуција 2.880 х 1.440 и 801 ppi. Флеш дискот е со капацитет 64 GB, а телефонот има и 4 GB слободен простор. Процесорот е Snapdragon 835, а графичкиот процесор Adreno 540. Главната камера на Xperia XZ Premium е 19 MP, а предната 13 MP, но ова не е крај на можностите на камерата. Може да се сними видео со 4К резолуција и 30 fps, но може и да се снима забавено со 960 fps. Ова е четири пати побавно од следниот конкурент. Телефонот на Sony доаѓа со Android 7.1.

Blackberry Keyone

Новиот телефон на Blackberry го следи досегашниот правец на компанијата. Keyone доаѓа со физичка тастатура што е вистинска реткост денес. Телефонот доаѓа со најмал екран од сите на листата. Сепак 4.5-инчи може да е сосем доволно кога долниот дел од уредот е тастатура. Резолуцијата на екранот е 1.620 х 1.080 и 434 ppi.  Флеш дискот е со капацитет 32 GB, а телефонот доаѓа со 3 GB RAM. Телефонот доаѓа со 8MP предна и 12 МР задна камера што е доволно за 4К видео. Qualcomm Snapdragon 625 и Adreno 506 нема да импресионираат никого. Blackberry Keyone доаѓа со Android 7.1. Цената на телефонот е 550 долари.

Huawei P10

Новиот Huawei доаѓа со 5.1-инчен екран, со резолуција 1.920 х 1.080 и 431 ppi. Телефонот има 64 GB флеш диск и 4 GB RAM. Процесорот на телефонот е Octo-core Kirin 960 впарен со Mali-G71 MP8 графички процесор. Главната камера на телефонот е Dual lens 20 MP monochrome / 12 MP RG, а предната камера е 8MP. Huawei P10 доаѓа со Android 7.0.

За жал, засега нема новитети од Samsung за Galaxy и Note телефоните. Xiaomi, компанијата која ги презентираше најверојатно највозбудливите телефони минатата година ќе го скокне MWC оваа година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии