Куп стари и бесплатни постери на Free Vintage Posters

Free Vintage Posters е сајт кој исклучително ми се допаѓа, не поради бројните наметливи реклами, туку поради бројните, феноменални постери од едно, многу подалечно време.

Во случај да сакате да си го украсите вашиот личен, или работен простор, на Free Vintage Posters имате еден куп постери во исклучително високи резолуции.

Сите постери се уредно подредени во соодветни категории, и можете да бирате помеѓу постери со животни, филмови, спорт, па дури и постери кои биле употребувани како средство на воени пропаганди, или огласи.

За да го преземете саканиот постер, кликнете на соодветната слика, па на Download Vintage Poster File (се наоѓа веднаш под сликата). Поголемиот дел од постерите се во висока резолуција и одлично изгледаат кога ќе се отпечатат и стават во рамка. Некои постери, меѓутоа, знаат да бидат со пониска резолуција и да понудат значително полош финален резултат.

Единствена забелешка за Free Vintage Posters упатуваме кон бројните реклами кои агресивно го наоѓаат местото на секој празен простор. Во случај да сакате да ги елиминирате, земете ги во предвид можностите на AdBlockPlus.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии