Куп корисни Тwitter алатки за анализа на активност, статистика и менаџмент на профили

Со започнувањето на големата популарност на Twitter, започнаа да се појавуваат и многу други интернет страници, апликации и алатки кои го унапредуваа и надополнуваа сервисот со некои опции кои на почетокот не постоеа. Така беше со TwitPic, со неколку пребарувачи на твитови, апликации за превод на твитови и многу други. Со време Twitter ја осозна потребата за вакви функции и постепено ги воведе на својата страна, но сепак останаа повеќе алатки кои би ви послужиле, од статистички и аналитички аспект, да го согледате вашето Тwitter присуство и ефектот од истото.

Retweet е интернет страница преку која можете да дознаете кои од вашите твитови до сега биле најмногу ретвитани од вашите следбеници, колку пати биле прикажани, како и кои твитови и Twitter корисници ги имате ретвитано последно.

Корисна алатка за да ја видите дисперзијата на вашите твитови, за што притоа не мора да се регистрирате, туку потребно е да и дадете дозвола на апликацијата да ги користи информациите од вашиот Twitter профил.

Кога сме кај дисперзијата на твитови, навистина корисна е и TweetReach. Овде не треба да се регистрирате, ниту да одобрувате апликацијата да го користи вашиот профил. Едноставно внесувате URL на твитот, корисничко име, хаштаг или друг клучен збор во полето за пребарување и за неколку секунди добивате информации за импресиите, највлијателните корисници кои придонеле кон бројката на импресии и видот на интеракцијата.

За оние кои не користат Тwitter клиенти кои овозможуваат закажување на твитови, како што е TweetDeck или Hootsuite, погодни апликации преку кои лесно се додаваат твитови и се менаџира распоред на нивно твитање се Buffer, Twuffer, FutureTweets и др.

TwitSprout претставува веб апликација која нуди аналитички и визуелен приказ поврзан со податоците од вашиот Twitter и/или Facebook профил. Бесплатната верзија нуди можност за приказ на податоци само од три Twitter профили. Интересно кај апликацијава е тоа што можете да ги анализирате и профилите на конкурентите, преку графички приказ за бројот на следбеници, просечен број на твитови во денот, промената на бројот на следбеници по денови итн., но ова не влегува во бесплатната верзија. Сепак за генерирање на податоците, на апликацијата и се потребни 6 дена, по чие изминување ќе ве известат преку електронска пошта да ги проследите резултатите.

[youtube]ng3Dj3JUyVM[/youtube]

ManageFlitter е алатка со која лесно можете да ги менаџирате профилите кои ги следите, информации за активноста и староста на профилите, просечен број на твитови дневно, профили без аватар, неактивни корисници, а pro верзијата нуди можност да видите кој престанал да ве следи, да најдете нови луѓе, информации за профилите кои не ги следите, а неодамна сте ги ретвитале и др.

Корисничкиот интерфејс е навистина допадлив, како и иконите со кои визуелно добивате информација за статусот на Twitter профилот (активен, не ве следи, зборлест, тивок).

TweetStats графички ги прикажува бројот на твитови по час, месец, статистика за @oдговорите, кого најмногу сте го ретвитале, преку која Twitter апликација имате твитано, период на зачестеност на твитови. TweetCloud и HashCloud преку кои ќе видите колку пати сте споменале одреден збор, профил или хаштаг итн.

Сосема случајно наидов на Twylah, апликација која бесплатно креира посебна интернет страница со визуелен приказ на вашите твитови. Иако Twylah е релативно постара апликација, сепак не добива многу на популарност, можеби затоа што Facebook фан страниците, веќе го имаат тоа што го нуди страницава. Апликацијава е препорачлива за брендови, компании, музичари и други познати личности.

Постојат повеќе сервиси за следење на тоа кој престанал да ве следи: WhoUnfollowedMe, Mr.Unfollowr, ByeBuddy, UnFollowers.me и многу други. Функционираат така што ви испраќаат или електронска пошта или директна порака на Twitter со известување за тоа кои профили престанале да ве следат.

За оценување на вашето присуство и влијание постојат повеќе интернет страници, од која најмногу ја препорачувам Klout, преку која можете да го проследите вашето влијание на Twitter и Google+, а во иднина и на Facebook. Останати предлог апликации, кои вршат соодветно рангирање и оценување според различни параметри, се TweetGrader, Twitalyzer, Twitaholic.

Би сакала да ги споменам и алатките кои ќе ви послужат да прикажете Twitter стрим на некој настан. Наидов на според мене добар избор од 5 алатки.

И за крај, апликацијата со која ќе видите колку време сте потрошиле твитајќи, TweetWasters.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии