Култната игра Shenmue за само девет часа собра 2 милиони долари од фановите

Shenmue е култна видеоигра од Sony која во рекордно време успеа да ги собере потребните милиони долари од краудфандинг за третото продолжение. На својот Kickstarter проект над 34.700 фанови на играта досега вложија во моментов 2,9 милини долари. Една од причините за брзото собирање на милиони долари е што фановите на серијалот веќе 14 години чекаат на завршување на приказната. Можеби реакцијата на водителите на GameTrailers Live кога ја слушнаа најавата најдобро говори за тоа со колкаво нетрпени се чекаше оваа најава.

Една од причините поради која Sony се реши да го финансира проектот преку Kickstarter е можноста повеќе да им обрне внимание на барањата и очекувањата на играчите, кои ќе можат да допринесат во конечниот изглед на играта. Се чини дека ова е единственото прифатливо објаснување, со оглед на тоа дека без сомневање Sony има доволно средства да го финансира проектот. Сепак доколку ова доведе до подобра видеоигра која ќе ја сакаат сите љубители на серијалот, нема причина зошто да не го поддржат проектот.

Предвудувањата се дека играта ќе биде готова и ќе започне со испорака во декември 2017 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии