Кучето робот Spot започнува со продажба

Дејан Соколоски

во Вести

Роботот Spot на Boston Dynamic наскоро ќе се појави во продажба. Spot започна како проект на Boston Dynamics за Армијата на САД. Поголемите варијанти на роботот како Big Dog се дизајнирани токму како поддршка на боиштата.

Во рекламата за Spot компанијата претстави дел од карактеристиките на роботот: Spot може да помине 4,8 километри на час; капацитетот на батеријата овозможува работа (движење) од 90 минути; може да работи на температура од -20 до 45 степени; и доволно е водоотпорен да издржи дожд, но не доволно за да работи под вода.

Веќе и претходно сме виделе дел од функционалностите на роботот. Може манипулира со објекти, да отвора врата, да се движи по терен тежок за движење, да избегне судар. На оваа верзија има и две места во кои може да се смести товар со тежина до 14 килограми. Сензорите со кои е опремен роботот и ја овозможуваат навигацијата може да се користат и за креирање на 3Д модел од просторот.

Засега Spot нема цена и првите купувачи ќе треба да презентираат интересна примена или развој на нешто што би било супер интересно со робот. Очекувањата се дека цената на Spot ќе биде пониска од цена за која може да се купи автомобил, иако не знаеме кој автомобил, пренесе IEEE Spectrum.

 

 

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии