Kubo е робот кој сака да ги научи децата да програмираат

Програмирањето како вештина се учи предоцна и тогаш процесот е премногу сложен. Kubo е малечко едукативно роботче, но во исто време многу повеќе играчка и помагало кое ќе помогне за поедноставен и позабавен процес на учење програмирање. Креатор на Kubo е тимот на Томи Оцен од Данска, а поддршка се и Arrow Electronics.

Иако главен дел од алатката е самото роботче, не помалку важни се и плочките со кои се програмира. Програмирањето е визуелно, па секоја плочка е некаква команда. Командите се едноставни и се однесуваат на програмирање на движењето на Kubo.

Kubo за читање на плочките користи RFID технологија. Секоја плочка има RFID таг , кој роботчето може да го отчита и да го запомни. Со идни надградби роботчето ќе добие многу поголема функционалност. Во иднина децата ќе може да учат собирање и спелување.

Kubo е во Indiegogo кампања, засега се собрани 92 отсто од потребните средства или 27.500 долари, а роботчето чини 170 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии