#Кромидфест 2: Туѓината пуста нека остане, младината реши тука да остаре!

Реалноста во Македонија е премногу забавна за да има само еден конкурс со кој ќе се слави сатирата. Време е за нов, втор #кромидфест со тема „Туѓината пуста нека остане, младината реши тука да остаре!“. Правилата на конкурсот, организиран од Радио МОФ, е да се креира сатирична содржина во форма на лажни вести, симболично наречени на Twitter како #кромид според Onion, еден од најпопуларните сајтови за ваква содржина кој често е цитиран по грешка како релевантен извор од македонските медиуми.

Правилата се едноставни – да се креира сатирична содржина за млади луѓе кои сакаат да останат во Македонија, бидејќи тука е најубаво! На конкурсот може да се учествува со било каква форма на содржина, од видео, аудио, фотографија, текстуална форма или комбинација од неколкуте. Рокот на конкурсот е до 9-ти јуни 2014-та година, по што ќе биде избран победник, по пат на гласање од публика и жири, кој ќе добие Google Nexus 7 таблет компјутер. Апликациите треба да се поднесат на [email protected], заедно со контакт телефон, име и презиме на авторот. Повеќе ќе прочитате на сајтот на Радио МОФ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии