Кризата во Wirecard се продлабочува

IT.mk редакција

во Вести

Директорот на Wirecard Маркус Браун, минатата недела поднесе неотповиклива оставка. Оставката доаѓа по скандалот во кој компанијата не успеа да пронајде 1,9 милијарди евра кои недостасуваат од банкарските сметки на компанијата. Wirecard е, или барем до неодамна беше највредната финансиски технолошки компанија во Европа.

Очекувано ова влијаеше и на довербата на пазарот. Акциите на компанијата паднаа 70 отсто, а долгот на Wirecard се купуваше за 25 центи за 1 евро.

Парите кои недостасуваат треба да бидат во две азиски банки. Сепак според извештаите овие средства никогаш не стигнале до банките. Банките од Филипини велат дека овие средства и трансакциите никогаш не стигнале до нив. Споменати се банките BDO и BPI

„Се чини дека е злонамерен вработен… генерирал лажна потврда, без притоа да има каков било прилив или одлив на средства. Нашето име се злоупотребува“, вели Несор Тан, директор на банката BDO.

Проблемите на Wirecard се од поодамна компанијата ни досега не ја потврдила веродостојноста на најголем дел од заработката.

Директорот на компанијата г. Броун, вели дека немаат направено ништо погрешно, но не исклучуваат дека се жртва на измама од значителни размери, пренесе Financial Times.

Банките од Филипини јавуваат дека веќе имаат отпуштено по еден вработен поради потпишување на фалсификувани документи.

Што се однесува до Payoneer Prepaid MasterCard компанијата јави дека нема никаков проблем со овие картички. Средствата на овие картички се безбедни, вели претставник на Payoneer на форумот на компанијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии