Kритики за Facebook и WhatsApp околу приватноста на корисниците

Рекордната понуда која Facebook ја понуди за WhatsApp ќе биде пред регулаторите во САД. Организациите кои се грижат за приватноста ја оспорија продажбата на WhatsApp поради страв дека корисничките податоци ќе бидат злоупотребени. Зделката ја оспоруваат две непрофитни организации, Electronic Privacy Information Center и Center for Digital Democracy, пренесува ВВС.

„WhatsApp стигна до голем број на корисници врз основа на својата определба – да не ги користи податоците на корисниците за рекламирање. Корисниците споделуваат лични податоци со компанијата, заедно со текстуални пораки до блиски пријатели. Facebook секојдневно ги користи ваквите податоци за рекламни цели и јасно објави дека сака да ги искористи податоците од WhatsApp за профилирање на својот бизнис модел”, се вели во поплаката.

Купувањето на WhatsApp и ваквата употреба на податоците на Facebook е во спротивност со договорот кој WhatsApp го има со корисниците и треба да биде под истрага на Федералната комисија за трговија (FTC). Жалбата доаѓа и покрај тоа што друштвената мрежа најави дека WhatsApp ќе функционира како посебна компанија и ќе ги задржи досегашните правила за приватност, што значи дека нема да собираат податоци од корисниците. Но, организациите за заштита на приватноста не се согласуваат со Facebook.

„Корисниците на WhatsApp не можеа да очекуваат дека кога ќе се приклучат на сервис за пораки кој ја почитува приватноста, дека нивните податоци ќе бидат собирани од Facebook”, се вели во поплаката.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии