Кристофер Вајли пред Британскиот парламент: „Facebook може да ве слуша и дома и на работа“

Како дел од истрагата на работата на Cambridge Analytica, свиркачот Кристофер Вајли сведочеше пред Британскиот парламент. Иако самиот не е дел од Facebook, изнесе интересен податок дека друштвената мрежа може да ги слуша своите корисници и додека се дома, но и додека се во канцеларија.

„Што се однесува до користењето на аудио фајлови, може да го користат како што го користат и останатите компании… Не само Facebook, општо, и други апликации влечат аудио. На пример, ако имате телевизор кој е вклучен во канцеларија или телевизор на место каде што зборуваат повеќе луѓе. Не е дека ве слушаат што зборувате, не е процесирање на говор. Но, сепак го процесираат звукот за да можат да ја определат вредноста на рекламата“, вели г. Вајли.

Веднаш дојде демант од друштвената мрежа. Заменик претседателот на Facebook Ads веднаш објави дека никогаш, „ама баш никогаш, не го користат микрофонот за рекламирање“.

Причината за „паника“ е главно поради тоа што дел од корисниците се загрижени бидејќи друштвената мрежа им прикажува производи за кои никогаш не прикажале интерес онлајн. Можеби едноставно треба да им се честита на инженерите на Facebook кои знаат каде, кога и која реклама, треба да им ја прикажат на корисниците.

Ова е само дел од излагањето на г. Вајли пред Британскиот парламент. Ова, заедно со сите податоци кои стигнаа до парламентот е сега јавно објавено, објави Reuters.

Интересно, Кристофер Вајли е основач на стартапот Eunoia Technologies. За потребите на компанијата тој ги користел истите податоци на 50 милиони корисници кои ги користи и Cambridge Analytica, вели BuzzFeed. Изворите на BuzzFeed велат дека овие податоци се во сопственост на компаниите од 2014 година.

Дополнително, според изворот на BuzzFeed, единствена разлика помеѓу Eunoia Technologies и Cambridge Analytica е што г. Вајли сакал компанија без директорот Александер Никс.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии