Кристофер Согхојан: Oва е само почеток на владиното прислушување преку Интернет

Стравот од активисти, новинари и дисиденти како оние кои ја предизвикаа револуциите од Арапската пролет во 2011 година, се една од причините за се поголемо прислушување и следење преку интернет, вели безбедносниот истражувачот Кристофер Согхојан во својот TED говор. Компаниите велат дека креираат софтвер за борба против тероризам, педофилија или криминал, но креаторите признаваат дека откако ќе го продадат софтверот на властите немаат начин да контролираат кој и зошто се прислушува или надгледува. Дури и софтверот кој не е изработен од владите може да ја вклучи веб камерата, микрофоните, да ја прочита поштата на корисникот или да го следни неговото движење, тоа што навистина треба да не исплаши е што владите на богатите држави изработуваат специјализиран софтвер многу пати пософистициран од Finfisher.

„За владите да имаат можност да ги хакираат компјутерите на навистина лошите момци, мора да имаат можност да ги хакираат и нашите уреди. Владите низ целиот свет го прифаќаат ова како метод за спроведување на законот, но недостасува вистинска дебата, и закон кој ќе ја дозволи употребата на овие мерки. Поради моќта и можностите за злоупотреба, информирана јавна дебата е клучно прашање“, вели Кристофер Согхојан за TED.

[youtube]FrxDrpi1XNU[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии