Спонзориран текст

Интервју со Кристиан Ефремов: „Зграпчете ја шансата да навлезете во предизвиците на телеком индустријата преку Телеком талент програмата“

Спонзорирано од Seavus

во feature, Интервјуа, ИТ.МК, Спонзорирани

Во Скопје наскоро започнува новата Телеком талент програма на Сеавус чии уписи се во тек. Преку програмата ќе имате можност за професионален развој преку учење од едни од најдобрите луѓе во оваа област.

Токму преку оваа талент програма, Кристиан Ефремов ја започнал својата кариера. Кристиан почнува да работи во Сеавус пријавувајќи се на Телеком талент програмата, а последниве години работи и живее во Стокхолм каде работи за позната телеком компанија, клиент на Сеавус. Покрај импресивното портфолио во Сеавус, Кристиан може да се пофали и со успех на Олимписките Игри. За што станува збор, прочитајте во интервјуто.

Кажи ни нешто повеќе за тебе? Како ја започна твојата кариера во ИТ секторот?

Веднаш по завршувањето на додипломските студии и со здобивањето на титулата дипломиран инженер по информатика, тргнав во потрага по моето прво работно искуство. Тоа беше Сеавус и Телеком талент програмата. Повеќе од 6 години сум дел од Сеавус, од кои што 4 години работам кај клиент во Стокхолм, Шведска. Интересен факт за мене е дека бев учесник и ја претставував Македонија на Олимписките Игри во Лондон 2012, како и на многубројни други меѓународни атлетски натпревари.

Моментално работиш и живееш во Шведска? Како „заврши“ во седиштето на Сеавус во Стокхолм?

По успешното завршена Телеком талент програма, станав дел од телеком дивизијата во Сеавус и веднаш почнав да навлегувам во тајните во телеком индустријата. Со помош на експертите во Сеавус успеав мошне брзо да почнам со автономно извршување на работните задачи. Воедно, работев на проект за една голема телеком компанија со повеќе професионалци од разни делови од светот што претставуваше вистински предизвик. После повеќе од 2 години, една голема и позната телеком компанија во Стокхолм, Шведска, воедно клиент на Сеавус, имаше потреба од професионалец со знаење во специфичен систем за наплата (Billing system). После одлично поминатото интервју со клиентот, се преселив во главниот град на Шведска и продолжив да извршувам работни задачи како Billing Developer. Тоа беше во далечната 2015 години и еве после повеќе од 4 години уште сум кај истиот клиент, кој е презадоволен од мојата работа. Работејќи со врвни професионалци и со многу различни системи, секојдневно добивам различни предизвици и нови улоги со кои ја градам мојата кариера дополнително. Воедно и шведскиот јазик перфектно го усовршив, секако покрај англискиот. Моментално извршувам работни задачи како Business Analyst и Requirement Lead.

Текот на твојата кариера во Сеавус е навистина интересен, самите твои почетоци се преку нивната Телеком талент програмата. Зошто се одлучи баш за Телеком талент програмата на Сеавус? Со какви знаења и вештини се стекна преку истата?

Излегувајќи од факултет и соочувајќи се со првиот работен предизвик, морам да признаам дека бројот на компании кои нудеа работа преку талент програма во 2012 година беше навистина ограничен. Фактот дека по успешно поминатата програма се добива можност за вработување ме примами да се пријавам. Во текот на четирите недели на програмата, благодарение на врвните професионалци кои што ги вршеа предавањата, успеав да ги научам основите на телеком индустријата, како и специфични девелопмент и тестинг процедури за системи за наплата.

Која е твојата препорака за тие што се двоумат, зошто да се приклучат на Телеком талент програмата на Сеавус?

Доколку сакате да изградите забележителна ИТ кариера, да се здобиете со врвно работно искуство со помош на најдобрите професионалци, како и да бидете дел од повеќе интересни проекти, задолжително приклучете се на Телеком талент програмата на Сеавус. Зграпчете ја шансата да навлезете во предизвиците во телеком индустријата и да станете дел од Сеавус.

 

Повеќе информации за Телеком талент програмата може да најдете на следниот линк. Рокот за аплицирање е до 1 април 2019, па затоа побрзајте!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии