Криптовалутата Libra на Facebook се ребрендира, сега е Diem

Дејан Соколоски

во Свет

Diem е официјалното име под кое ќе излезе криптовалутата која Facebook минатата година ја најави како Libra. Името го промени и апликацијата новчаник која сега е Novi, наместо Calibra. Дистанцирањето од проектот под раководство на Facebook е една од причините за ребрендирањето, вели Coindesk.

Оптимистичките најави велат дека Diem официјално би можел да се појави веќе во јануари, на почетокот на следната година. Претходната најава беше дека криптовалутата излегува на почетокот на 2020, но поради заминувањето на дел од оригиналните членови, излегувањето се одолжи.

Блокчејнот на Diem и натаму е истиот во чие креирање големо влијание имаше тимот од Facebook, но сите 27 компании членки на групацијата се еднакви. По промените Diem е во согласност со меѓународните закони.

Diem ќе биде подготвен за лансирање штом Swiss Financial Market Supervisory Authority (FINMA) издаде лиценца.

Целта на Diem е да се користи за финансиски трансакции. Поради ова ќе биде стабилна (фиксна) криптовалута чија вредност ќе се заснова на доларот. Претходната најава беше дека Libra ќе биде базирана на повеќе различни светски валути.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии