Криптовалута сега може да се користи за плаќање кауција

Иницијативата Bail Bloc работи на решение кое ќе овозможи на обвинетите својата кауција да ја платат со криптовалута. Идејата е преку „волонтирање“ со процесирачката на компјутерите, корисниците да помогнат со плаќањето кауција.

Кауција плаќаат обвинетите за да можат да се бранат од слобода. Обвинетите не секогаш се виновни, па можноста за плаќање на кауција ќе ги спаси од непријатности. Кауцијата е најголем проблем за посиромашните осуденици, а токму нивниот проблем треба да го реши заедничкиот проект на  The New Inquiry и Bronx Freedom Fund.

Како ќе функционира плаќањето со криптовалута?

Корисниците можат да ја преземат BailBloc апликацијата и да ја инсталираат на својот компјутер. Со ова ќе започнат да копаат Monero и да го донираат за плаќање на кауција. Сите вака генерирани криптовалути ќе бидат искористени за луѓе кои самите нема да можат да платат кауција.

Предноста на Monero пред останатите крипто-валути е во поголемата приватност, но и можноста да се користат и поевтини компјутери за копање, објаснува Motherboard.

Проектот ќе започне во Њујорк. Тука ќе бидат распределени двајца „бонд брејкери“ кои ќе им помагаат на обвинетите кои не можат да ја платат кауцијата. Во 2018 година средствата ќе бидат достапни пошироко и ќе започне влез во повеќе градови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии