Кријте ги вашите податоци со Secret Disk

Во случај да имате некои приватни фотографии, документи, или видео материјали кои никако не би сакале да бидат видени од некој друг, би можеле да ги сокриете со Secret Disk. Оваа софтверско решение доаѓа во две форми: бесплатно и платежно.

Со бесплатната верзија на Secret Disk, можете да создадете еден невидлив драјв. Драјвот станува достапен со внесување претходно-осмислена лозинка. Во него, можете да криете најразлични приватни мултимедијални податоци, чија вкупна големина не смее да е над 2GB.

Платежната верзија, од друга страна, ги отстранува двете најголеми рестрикции наметнати во бесплатната верзија. Имено, по цена од 15 долари, или 830 денари, можете да создавате неограничен број невидливи драјвови, а во нив да криете податоци од секакви големини.

Независно од одбраната верзија, најновата, петта верзија на Secret Disk се одликува со визуелно по исполнителен  интерфејс кој ефикасно ги распределува елементите од претходните верзии. Инспириран од севкупниот изглед на Windows 10, новиот интерфејс оди уште еден чекор напред и ви дозволува рачна распределба и уредување. Интересно е тоа што дури со оваа верзија, на бесплатните корисници им се дозволи да деактивираат штитење со лозинка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии