Иницијатива на IT.mk: И ние креваме глас против загадувањето!

Екстремно загаден воздух, алармантни текстови за нус појавите и рушење рекорди во категоријата најзагадени градови во светот. Тоа е реалноста и оваа зима во која сите заедно и повторно ќе се гушиме.

Со цел да се придружиме кон многубројните апели да се превземе нешто, да се апелира до сите и да се зголеми свесноста за овој проблем покренуваме  иницијатива, односно си го гушиме сајтот во смог и магла преполна со PM честички.

Идејата е да поттикнеме зголемување на свесноста за проблемот со загадувањето со забележителна акција. Јасно ни е дека ова не е решение на проблемот, но сепак чувствуваме одговорност како портал да превземеме нешто.

Со кликнување на гас маската во долниот десен ќош, може да продолжите со нормално сурфање на сајтот. Маглата е присутна само на почетната страна на сајтот.

Приклучете го и вашиот сајт во оваа иницијатива

Приклучете се и вие во зголемување на свесноста со поставување на следниот код на вашиот сајт и угушете го во смог:

Во <head> додадете:
<link rel="stylesheet" type="text/css" href="https://www.it.mk/fog/fog.css">

На почеток во <body> додадете:
<div class="fog-container on-fog" id="fog-wrapper">
<canvas id="fog"></canvas>
</div>
<div class="icon-fog on"></div>

Веднаш под </body> додадете:
<script type="text/javascript" src="https://ajax.googleapis.com/ajax/libs/jquery/1.11.3/jquery.min.js"></script>
<script src="https://www.it.mk/fog/fog.js"></script>

1 коментар на “Иницијатива на IT.mk: И ние креваме глас против загадувањето!

  1. Владините страници да имаат ваков код, некој да го стави, хакне или на било кој начин да се вметне за да се подигне свеста на народните избраници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии