Креирајте поинтересни анимирани слики од фотографии со Deep Nostalgia на MyHeritage

MyHeritage е платформа која на своите корисници им овозможува да креираат и ажурираат сопственo фамилијарно дрво. Ова е основната намена на сајтот, но имаат неколку алатки кои се супер интересни.

Најновата функционалност која е додаденa на сајтот овозможува креирање на анимирани слики (видеа) од фотографиите. Видеата кои ги креира вештачката интелигенција Deep Nostalgia помалку потсетуваат на анимираните слики од Harry Potter.

Корисникот едноставно може да прикачи некоја слика и по обработувањето од вештачката интелигенција сликата се претвора во кусо видео. Ако на сликата има повеќе од еден лик треба да се одбере кое е лицето кое ќе биде обработено. Потоа кусото видео може да се остави на платформата или да се преземе и да се користи на друго место.

Креирањето на видеото е потполно автоматизирано. Вештачката интелигенција најпрво ја анализира положбата на главата и погледот. Потоа ја поставува оригиналната слика врз модерен шаблон во кој се снимени промените на ликот.

Ова секако нема да има потреба да го направи некој кој може да сними видео од семејството. Сепак алатката овозможува „оживување“ на фотографии на членови од семејството и од пред неколку десетлетија. Со анимираните видеа семејното стебло секако е поинтересно.

Покрај анимирањето MyHeritage може да го искористите за да обоите црно бела слика или да направите корекции на слика и слично. Ние „поигравме“ со вештачката интелигенција и успеавме да анимираме неколку интересни фотографии. Сите видеа во текстот се креирани единствено со помош на MyHeritage.

Секако овие уредувања на фотографиите не се главниот продукт на MyHeritage, но се дополнителна функционалност која треба да ги убеди корисниците дека се подобри од конкурентите.


Од Auguste Léon (1857-1942) — http://www.macbro.org/galmkb/albums/userpics/10001/Avgust_Leon_Albert_Kan18.jpg, http://www.lostbulgaria.com/?p=2410, Јавна сопственост, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=20837451

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии