Креирајте паметен град со Solveo и M3DS на iNovum

Image courtesy of Solveo

Солвео и M3DS повикуваат заедно да го направиме Скопје паметен град. Двата стартапи во склоп на iNovium организираат креативен маратон насловен „Smart Cities: Rethinking how the city works and lives“.

Настанот започнува со предавања на професионалци, експерти во областите во кои работат. Тие ќе го споделат своето искуство со присутните. Говорниците ќе ги спoделат своите искуства од неколку области, секако во насока на креирање на технологии за развој на паметен град.

  • Хајан Селмани – HASELT
  • Глигор Дачевски – doXteam
  • Ира Стефанов Бабиќ – Brand Union
  • Владимир Трајковиќ – универзитетски професор
  • Давид Павловски – Kiimo
  • Mихајло Димитриевски – фриленс илустратор
  • Никола Ангелкоски – concept artist

Веднаш по ова започнува маратонот. Над 100 учесници поделени во тимови: ќе креираат решенија, ќе се запознават со експерти од различни области и ќе се сретнат со истомисленици кои се стремат да го променат општеството. Во овој предивик тимовите нема да влезат сами, туку со поддршка од ментори кои ќе ја дадат својата експертиза и ќе им помогнат во предизвикот.

Настанот се одржува во просториите на Младинскиот Културен Центар (МКЦ).  Се одржува од 11 до 13 мај, а регистрацијата е веќе започната. Заинтресираните можат веднаш да се регистрираат на следниот линк.

Smart Cities е концепт на градовите од иднината, претставува спој на продукти и информации од различни области на секојдневниот живот поврзани преку технологијата и пренасочување на нивната намена. Поради можностите на технологијата интресот за нејзин развој се интересни насекаде.


Солвео е првата агенција за иновации во Maкедонија. Визијата на Солвео е да ги оствaри најамбициозните цели на своите клиенти и преку својот уникатен процес им помага да создаваат и тестираат нови бизнис концепти. Тимот на Солвео ја пренесува својата енергичност и ентузијазам на своите клиенти и секако на младите студенти со кои соработува. Тие соработуваат со повеќе страни истовремено: клиентот со својот тим; тимовите составени од студентите; мрежата од експерти и секако тимот на Солвео; каде резултатот е win-win-win ситуација за сите засегнати страни.

M3ДС е академија за 3D моделирање и game design основана во 2015 година од Стефан Митров. М3ДС поседува авторизиран сертификат од Autodesk Training Center. Компанијата ја оствари својата цел да стане едно од најуспешните студија на малиот пазар во Maкедонија со над 100 успешни реализирани проекти. После секоја успешно завршено задача, презентација на финалниот проект, како и на целото портфолио секој студент добива интернационален сертификат од Autodesk Training Center. Ова секако го збогатува нивното портфолио.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии