Креирајте и обработувајте фотографии со Picnik

Кога ќе се регистрирате Picnik нуди бесплатни и основно опции за играње со сликата. За другите ефекти се плаќа 3 долари месечно. Но, без врска дали користите бесплатна или платена верзија, тоа што е корисно со Picnik е што е претерано лесен за работење, пример, да ја осветлите сликата или да го истакнете контрастот.

Покрај тоа Picnik и веб базиран т.е на интернет. Не мора да бидете дома и да користите некоја софистицирана програма за обработка на фотографии (читај Photoshop), туку се конектирате на мрежата од каде сакате, закачувате слика, ја обработувате и ја снимате. Постојат и опции за креирање на фото слајд, за колаж… Можете и сликите веднаш да ги закачите на некоја друштвена мрежа, Facebook, Flickr, Twitter… Во секој слуачај интересен сервис за едноставна манипулација на фотографии.

Еве што направив јас со почетната страна на It.com.mk за 1 минутка. Дури и ја врамив сликата. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии