Креирајте 3D објекти преку фотографија со Itseez 3D

Itseez 3D е iOS апликација за iPad која со помош на додаток од Occipital овозможува креирање на 3D-објекти со нивно фотографирање.

Креирањето на 3D-објекти  е едноставен, но напорен процес бидејќи корисникот треба да го фотографира моделот од повеќа агли без притоа да ја измести камерата.

Вака креираните модели можат да се искористат за најралични потреби од гејминг за девелопер кој сака да го вметне играчот во играта, па  до архитектура за архитекти кои сакаат да направат виртуелна тура на зграда.

Occipital размислува и за додавање на можност со која корисниците би можеле да ги остават објектите на облакот доколку сакаат подоцна да изработат 3D-отпечатоци.

Проектот е креиран со поддршка на јавноста, со помош на KickStarter беа собрани 1.3 милиони американски долари, притоа 13 пати надминувајќи ги потребните средства. Цената на сензорот е околу 380 долари, а апликацијата е бесплатна и достапна за преземање од AppStore, објави TechCrunch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии