Креаторот на Мој Воздух, Горјан Јовановски апелира: Работете од дома

Горјан Јовановски, креаторот на една од најпопуларните македонски апликации, МојВоздух, ги повика сите граѓани кои можат да си дозволат, да работат од дома оние денови како овој, кога загаденоста на воздухот руши рекорди.

„Ова е вонредна состојба. Нема потреба од анализи, истражувања или дискусии за да се донесе тој заклучок. Затоа упатувам апел до сите работодавци: Доколку вашите вработени може да работат од дома, дозволете им го тоа!“, вели Горјан во блог објава на Medium.

Воздухот во најголемиот број на градови во Македонија оваа недела е исклучително загаден. Локалните власти повторно ветуваат решенија за иднина, но проблемите со загадувањето продолжуваат од година во година. Загадувањето во поголемите градови е речиси преку целата година, но станува алармантно во зимските месеци.

Print Screen од AirQuality на Time.mk

За среќа во денешно време не сите мора да работат од канцеларија. Ако целата работа на вработените е на компјутер може да се заврши од дома, без да се патува и да се дише загаден воздух и тоа треба да се направи. Еве што советува Горјан:

Денес, скоро секој има лаптоп, и посторјат безброј начини како може да им се овозможи работа од дома:Користет чет алатки за комуникација (Viber, Skype, Facebook, Telegram, Slack).

  • Постојат VPN конекции преку кои што може да се закачат луѓе на компаниската мрежа доколку тоа е потребно.
  • Шифтирајте фокус на по-индивидуални таскови кои што може да се извршуваат без голема соработка помеѓу индивидуи.

Не дозволувајте вашите вработени да патуваат низ смртоносно загадување за да стигнат до работа и повторно до дома, доколку истата работа може да ја сработат затворени во своите домови!

2 коментари на “Креаторот на Мој Воздух, Горјан Јовановски апелира: Работете од дома

    1. Здраво Перо, искрено многу валидна точка! Текстот го модифицирав да го има тоа наведено. Повеќе беше наменето да не се движат луѓе низ загаден воздух, но комплетно си во право со загадувањето што домаќинството може да го произведе!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии