Kреаторот на Linux се изнасмеја на идејата дека ќе има роботи-убијци

Стивен Хокин, Илон Маск, но и куп други научници и иноватори предупредуваат од опасностите на вештачката интелегенција, која во иднина би можела да биде опасна и за човештвото. Сепак не сите гледаат исто на оваа опасност. На пример креаторот на Linux, Линус Торвалд, се изнасмеја на вакво мислење, нарекувајќи го идиотско.

„Ќе дојдеме до вештачка интелефеницја која најверојатно ќе наликува на сегашните неврални мрежи. Оваа вештачка интелегенција има потреба од тренинг, нема да биде доверлива во традиционален компјутерски смисол. Не станува збор за старото правило на одовлекување додека луѓето не се сигурни кои ќе бидат одлуките на вештачката интелегенција“, вели г. Торвалд во одговор на прашање на член на Slashdot заедницата.

„Ова е интересно, но и исклучително тешко да се претвори во готов продукт. Поради ова примената на невралните мрежи е ограничена, а ограничена е и од големината на мрежата и влезните и излезните податоци.

Претпоставувам дека ќе има вештачка интелегенција со различен фокус, која воопшто нема да наликува на човечката. Препознавање на говор, однесување, слики и слично. Не верувам во ситуација во која поради егзистенцијална криза, машината за миење садови ќе започне да разговара за Сартр со вас.“

Ќе биде интересно да се види одоговорот на основачот на SpaceX и Tesla, Илон Маск, кој веќе поддржува и инвестира во неколку проекти за да го „заштити“ човештвото од вештачка интелегенција. Целта на овие проекти е да се осигураат дека вештачката интелегенција ќе му помага на човештвото, намесот да претставува опасност. Дел од проектите, како оние на универзитетите Оксворд и Беркли треба на машините да им го објаснат однесувањето кое луѓето го претпочитаат, други како проектот на Бенџа Фаленсајн треба да помогнат вештачката интелегенција да има исти вредности со луѓето, а проектот на Хетер Роф треба да обезбеди воените платформи да бидат под контрола на луѓето. Пректите кои ги поддржаа г.Маск и Open Philanthropy Project, може да ги разгледате на Future of life. Поддршка добија 37 проекти, кои ќе поделат 7 милиони доали.