Креаторот на крипто валутата Ripple донира 29 милиони долари за училиштата

Крипто валута во вредност од 29 милиони долари ќе се „влее“ во државните училишата во САД. Донатор се Ripple кои ќе донираат XPR со вредност од 29 милиони долари.

„Секој Rippler, од директорскиот тим до најновите вработени, ја започна својата кариера на исто место – во училница. Ова е клучно местo во кое се креираат соништата на децата. Делумно наставниците кои ги среќаваме во годините на нашето формирање како личности ни овозможиле да ги следиме нашите амбициозни цели во идина. Воодушевени сме што може да објавиме дека Ripple и неговиот извршен тим враќаат до американските наставници со донација од 29 милиони долари во XRP преку DonorsChoose.org“, објави Ripple.

Сумата која ја уплати Ripple ќе ги покрие сите побарувања на DonorsChoose.org кога образованието е во прашање. Платформата им овозможува на наставниците да постават проект, а донаторите ќе можат да одберат кој проект ќе го поддржат. Со овие 30 милиони ќе бидат покриени проекти на над 28 000 наставници од државните училишта, во сите 50 држави во САД.

Ripple е компанија која развива крипто валути и блокчејн технологија за побрзи финансиски трансакции. За разлика од останатите компании, Ripple пред сѐ е наменет за финансискиот сектор, пример банки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии