Креаторот на филмскиот интерфејс на Minority Report и Iron Man работи на нивни вистински верзии

Фантастичните филмови и и технологијата се во своевидна симбиоза, смета креаторот на корисничките интерфејси за Minority Report и Iron Man, Џон Андеркофлер. „Во времето на оригиналниот Star Trek, немаше свест помеѓи инженерите, технолошките компании, дека требаше тоа да се направи, да се донесат премети кои беа функционални во филмовите и да се рекреираат во вистинскиот свет. Денес, некако ова се подразбира“, ја пренесува Quartz изјавата на дизајнерот на интерфејси.

Г. Андеркофлер e основач на Oblong Industries компанија која се обидува да го рекреира корисничкиот интерфејс од филмовите во реалноста. Периодот кој е потребен за префрлање од филмовите во реалниот свет е значително скусен, за разлика од мобилните телефони или паметните телефони на кои им беше потребно повеќе од 30 години. Една од причините за ова е што за разлика од пред неколку децении, денес креаторите на филмовите во креативниот процес вклучуваат и научници кои можат да им укажат колку некоја од технологиите е веројатна пред истата да биде презентирана на големото платно.

„Беа потребни 30 години за комуникаторот од StarTrek да постане Motorola Star-Tac, а дури подолго за комуникациските сателити кој ги замисли Артур Кларка во една од неговите книги да станат реалност. Сега се може да се случи за шест месеци“, додава г. Андеркофлер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии