Креаторот на бионичката рака Luke зборува за предизвиците да се биде пионир

Иноваторот Дин Кејман, креатор на роботска протетичка рака Luke, но и на куп други помошни уреди кои им помагаат на пациентите со најразлични проблеми, во интервју со американската новинарка Кати Корик зборуваше за предизвиците со кои се сретна неговиот тим при креирањето на првата роботска рака.

„Наместо да им дадеме метална кука со која неможат ништо да направат, што доколку можеме да им дадеме најразлични стисоци, за да ги направат истите работи кои и ние ги правивме секојдневно? Користење на вилушка или бормашина или да отворање врата.“

Luke е првата протетичка рака која може истовремено да прави повеќе движења. Моторите кои го предизвикуваат движењето се контролираат преку Bluetooth. Раката има шест цврстини на притисок, кои се контролираат преку сензор со големина на кутивче за кибрит поставено во чевелот на корисникот. Интересен податок е дека уредот го доби своето име по Лук Скајвокер, карактер од Star Wars, кој во филмот ја загуби раката во борба со Дарт Веjдер. Најголем проблем со кој се соочува Luke е тоа што пазарот е мал, па ниедна од големите компании кои креираат медицински помагала не се нафаќаат да ја прозиведат раката. За среќа FDA го препорача ова медициниско помагало, па отсега барем сите војници кои ја повредиле раката ќе можат да ја заменат старата кука, со нова покорисна вештачка рака.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии