Креаторите на WordPress најавија нов проект – Newspack

Automattic, компанијата за WordPress откри дека работи на нов проект. Newspack ќе биде платформа наменета најмногу за малите и средни новински организации.

Она што е поважно е дека поддршка за Newspack доаѓа од повеќе страни. Google, преку Google News Initiative, го поддржа проектот со 1,2 милиони долари. Lenfest Institute for Journalism донира 400 000 долари; ConsenSys, капиталот зад Civil Media, придонесе со 350 000; и The John S. and James L. Knight Foundation додаде 250 000 долари. Дополнителни 200 000 долари се очекуваат подоцна од засега неименуван извор.

Платформата треба да биде одржливо решение за малите новински агенции. Од Automattic ветуваат дека со новото решение новинарите ќе можат да се грижат единствено за пронаоѓање на стории и истражување на истите.

Лоша вест е дека за разлика од WordPress, платформата не е бесплатна. Во периодот на развој ќе биде достапна бесплатно, но потоа ќе чини помеѓу 1 000 и 2 000 долари месечно. Бета верзија на платформата пристига во јули, а сите кои сакаат да се вклучат во развој, можат тоа да го направат пред 1 февруари.

Засега е нејасно кои ќе бидат предностите за користење на Newspack пред WordPress на пример, но веројатно наскоро ќе добиеме и повеќе податоци.

Повеќе податоци на блогот на Newspack.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии