Креаторите на содржина добиваат по 1 милион долари месечно од краудсорсинг на Patreon

Patreon ги награди музичарите, илустраторите и YouТube ѕвезди со околу милиони долари. Станува збор за краудсорсинг сервис кој им овозможува на фановите да донираат малку пари секој пат кога некој креатор ќе објави нова содржина. Овие пари малку по малку се собираат и сега се значителни средства за креаторите на содржини.

Сервисот само по 18 месеци по своето основање, има над 125.000 патрони кој секој месец донираат над милион долари, велат од Patreon на својот блог.

„Патронството има форма на ветување кое се повторува – заклетва дека ќе им плаќате на креаторите за нивните дела или месечно. Сумата на овие тековни ветувања сега е одржлива, за краторите да од целиот свет да можат да добиваат плати. Во има на сите креатори на Patreon: ви благодариме патрони на вашата постојана поддршка. Вие сте причината поради која можеме да продолжиме да твориме“.

Patreon е основан од Џек Конте во 2013 година, во најголем дел од YouTube автори. Во првата година 15.000 креатори му се приклучија на сервисот, кои сега добија дел од фондот од милион долари. Patreon зема 5 отсто од донациите, а финансиските трансакции ги плаќаат креаторите.

1 коментар на “Креаторите на содржина добиваат по 1 милион долари месечно од краудсорсинг на Patreon

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии